Работилницата беше дел од кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“. Преку интерактивна работа, групни активности, дискусија и споделување ставови, ученичките разговараа за различните облици на насилство и раните предупредувачки знаци.
Посебен акцент беше ставен на препознавањето на разликата меѓу љубовта, грижата и почитувањето, од една страна, и љубомората, контролата и насилното однесување, од друга.
Целта на работилницата беше да поттикне самопочитување и свесност за сопствената вредност, како и да ја зајакне пораката дека жртвата не е виновна за насилството и дека молчењето не е решение. Ученичките се запознаа и со можностите за доверување, барање помош и пријавување насилство.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.