Од 21 до 25 септември домаќин им беше училиштето „Escola Secundária Felismina Alcântara“ во Мангуалде. На СТЕМ-работилницата по роботика учениците работеа со „micro-bit“, а на Универзитетот во Ковиља следеа обука за одговорна употреба на вештачката интелигенција.
Во компанијата „Sona Arauco“ учениците учеа за одржливо производство и рециклирање. Посетата беше дел од проектот „Techno Climate Change“, кој ја поврзува технологијата со заштитата на животната средина. Во проектот, кој трае од мај 2025 до април 2027 година, учествуваат Македонија, Португалија, Грција и Турција.
За време на престојот учесниците ги разгледаа знаменитостите на Мангуалде, Порто, Коста Нова и Авеиро и стекнаа нови пријателства. На крајот од посетата добија сертификати за стекнатите знаења.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.