Најважно
Прилеп 2°
Најважно
Редакција: Прилеп.мкИспрати тема

Мени на Прилеп.мк

Редакција:Прилеп.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Прилеп ѝ оддадоа почит на Вера Ацева на годишнината од нејзиното раѓање

Фотографија објавена на јавниот профил на НУ Завод и Музеј Прилеп
Фотографија објавена на јавниот профил на НУ Завод и Музеј Прилеп

Историчарот Рубинчо Белчески вчера во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп зборуваше за улогата на Вера Ацева во борбата за слобода на Македонија. Предавањето го одржа на годишнината од нејзиното раѓање, по повод 20 години од смртта на народниот херој.

Ацева е родена на 24 ноември 1919 година, а починала на 10 ноември 2006 година. На предавањето „Со пиетет кон хероината Вера Ацева“, Белчески, кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Прилеп, го претстави нејзиниот животен пат со осврт на нејзината револуционерна дејност.

За прилепскиот музеј, животот и делото на Ацева се сведоштво за храброста и посветеноста со кои се борела за слобода.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.