Според објавата на МВР, во операцијата биле претресени 36 локации. Дополнителна активност во банкарски сеф била спроведена ден по операцијата, кога биле пронајдени над 50.000 евра. Со тоа, објавата наведува вкупно 37 локации, од кои четири претреси биле извршени кај полициски службеници вработени во ОВР Прилеп.
Во акцијата биле пронајдени и одземени моторни возила. Кривичната пријава е поднесена до надлежното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а судот во Скопје определил мерки за обезбедување за сите лица опфатени со пријавата.
Полициските службеници повеќе од една година работеле на истрагата и операцијата, која се одвивала во Прилеп, Скопје и Струга. При посетата на ОВР Прилеп, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев одржал работна средба со полициското раководство и со дел од службениците што работеле на истрагата.
Јанев оценил дека во Прилеп паднал „митот за недопирливите“ и нагласил дека завршувањето на операцијата не значи крај на полициските активности. Најавил секојдневно и повидливо полициско присуство на терен и зајакнување на соработката со граѓаните, кои ги повикал да пријавуваат криминал.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.