Најважно
Прилеп 0°
Најважно
Редакција: Прилеп.мкИспрати тема

Мени на Прилеп.мк

Редакција:Прилеп.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

За Арангеловден во Прилеп лепчињата ќе се прережуваат само во црквите

Фотографија објавена на јавниот профил на Свето Благовештение - Прилеп
Фотографија објавена на јавниот профил на Свето Благовештение - Прилеп
  • Во петок, во „Свето Благовештение“ (Стара црква), лепчињата ќе се прережуваат од 07.30 до 17.00 часот.
  • Во „Свето Преображение“ (Грчка) прережувањето ќе биде од 15.30 до 17.00 часот.
  • Во сабота, 21 ноември, лепчињата ќе се креваат утрото во „Свето Благовештение“ (Стара црква).

Славските лепчиња за Свети Архангел Михаил (Арангеловден) во Прилеп ќе се креваат, односно прережуваат, исклучиво во црквите, најави „Свето Благовештение“. Прережувањето во слава и чест на светителот ќе се врши во петок, 20 ноември, и во сабота, 21 ноември.

Во петок, во „Свето Благовештение“ (Стара црква), лепчињата ќе се прережуваат од 07.30 до 17.00 часот.

Во „Свети Пантелејмон“ (Болница) и во „Свети Константин и Елена“ (Типски) петочниот термин е од 11.00 до 13.00 часот. Во „Свето Преображение“ (Грчка) прережувањето ќе биде од 15.30 до 17.00 часот.

Во сабота, 21 ноември, лепчињата ќе се креваат утрото во „Свето Благовештение“ (Стара црква).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.