Во мерењата учествуваа и ученици од ДСУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, заедно со нивната стручна наставничка Ленче Јованоска. Од болницата ја нагласија важноста на редовните здравствени контроли, едукацијата и заедничката грижа за здравјето, како дел од целта да се подигне свеста за дијабетесот.
На раното препознавање и навременото лекување на болеста беше посветено и стручното предавање „Рано дејствување кај дијабетесот“. Предавањето го одржа супспецијалистката д-р Катерина Чешлароска Маркушоска.
Одбележувањето опфати и активности во Инсулинската аптека – депо при Здравствен дом – Уред Прилеп. Тие беа насочени кон поддршка и унапредување на грижата за лицата со дијабетес.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.