Најважно
Прилеп 0°
Најважно
Редакција: Прилеп.мкИспрати тема

Мени на Прилеп.мк

Редакција:Прилеп.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Прилепскиот Центар за развој и едукација садеше дрвца по повод Светскиот ден на дијабетесот

Фотографија објавена на јавниот профил на Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп
Фотографија објавена на јавниот профил на Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп

Здружението Центар за развој и едукација од Прилеп се вклучи во садење дрвца по повод Светскиот ден на дијабетесот, како дел од еколошката акција „Не биди трупец, засади дрво“.

Во акцијата беа засадени околу 500 садници во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај селото Селце.

Акцијата ја организираше здружението Сина Револуција. Целта е преку садењето да се испрати порака дека грижата за здравјето и грижата за животната средина одат заедно.

Од Центарот за развој и едукација ги опишаа засадените дрвца како симбол на живот, надеж и солидарност, но и на одговорност кон идните генерации.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.