Преку разговор, размена на идеи и творечко изразување, децата размислуваа и за повеќе љубов, разбирање, толеранција и прифаќање во училишната средина. Пораките се изложени на огласна табла, на хартиени облачиња во повеќе бои.
„Да бидеме пример за одговорност, почит и другарство“ е една од пораките. Друга гласи „Училиштето е наше – да го направиме подобро место за сите“.
Работилницата се одржа по повод Неделата на детето и 20 ноември, Светскиот ден на детето. Од училиштето порачаа дека детскиот глас заслужува да биде слушнат и дека училиштето, покрај учењето, треба да биде место за градење пријателства и негување вредности, каде секое дете ќе се чувствува прифатено, безбедно и среќно.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.