Фотографија од настанот · Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп
Децата во прилепското ООУ „Гоце Делчев“ го одбележаа денот со спорт.
Здружението порача дека детскиот глас треба да се слуша и почитува.
Со спортски активности и дружење, децата во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп денеска го одбележаа 20 ноември, Светскиот ден на детето. Во одбележувањето се вклучи Здружението Центар за развој и едукација - Прилеп, со порака дека секое дете заслужува безбедно детство и простор за игра.
Во спортската сала децата имаа и активност на гимнастичка подлога, во присуство на возрасен. Од Центарот за развој и едукација оценија дека низ играта децата покажале тимски дух, ферплеј, другарство и позитивна енергија.
Здружението порача дека, покрај безбедно и среќно детство, на секое дете му се потребни можности за учење и развој, како и неговиот глас да биде слушнат и почитуван.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.