Покрај Прилеп, истражувањето ги опфати Битола, Скопје и Скопско. Во црквите и манастирите тимот ја проучуваше воената опрема насликана на фреските и ги бележеше видовите и облиците на оружјето. Со теренската работа заврши првата фаза од проектот, кој е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2026 година.
Оружјето е дел од музејската збирка „Македонија во национално-револуционерниот период“. Авторките м-р Даниела Николова и Даниела Митевска ја координираат подготовката на монографијата. Целта е предметите да се претстават пред поширока публика и да се вреднуваат во нивниот историски, уметнички и иконографски контекст.
Конзерваторот советник м-р Страхил Петровски ги сними и ги подготви фотографиите за монографијата, а конзерваторката м-р Емилија Лазаревска, како надворешна соработничка, изработи цртежи на ретки предмети од колекцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.