Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Секој вагон на „Воз на детската среќа“ носеше посебна порака.
Во активноста учествуваа ученици од I до V одделение.
Со посебна порака во секој вагон на „Воз на детската среќа“, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп денеска го одбележаа Светскиот ден на детето, 20 ноември. Заедничката желба беше свет во кој секое дете ќе расте среќно, сакано, почитувано и безбедно.
Во активноста учествуваа учениците од I до V одделение, а темите што ги поврзаа нивните пораки беа љубовта, радоста, пријателството, знаењето и надежта. Од училиштето го опишаа одбележувањето како ден исполнет со детски насмевки, шарени бои и искрени желби.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.