Адвокатите се натпреваруваа во поединечни и екипни дисциплини во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид. Во женската конкуренција на трката најбрза беше Ивана Кузманоска од Скопје.
Оваа година за првпат беше доделен пехар за најспортска адвокатска заедница, кој го освои Гостивар. Пехарот за фер плеј ѝ припадна на Охридската адвокатска заедница, а адвокатот Жарко Казанџиски од Прилеп доби признание за најспортски дух.
Адвокатската комора ги опиша игрите како можност за дружење и зацврстување на колегијалните врски, истакнувајќи дека спортскиот дух и меѓусебното почитување се подеднакво важни како победата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.