Според презентираната динамика, делница долга 12 километри од автопатот Прилеп–Битола треба да биде пуштена во сообраќај во 2027 година. Во истата година ќе се работи и на делницата пред Битола, а до крајот на 2028 година вкупно треба да бидат асфалтирани 28 километри автопат.
Преостанатиот дел кон Прилеп ќе биде ставен во функција последен. Пред тоа треба да се решат прашањата со експропријацијата и преместувањето на постојната инфраструктура.
Динамиката на изградбата ја претставиле претставници на „Бехтел и Енка“ на средба со раководството на Општина Битола.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.